Жена од Струмица со туѓи податоци подигнала брз кредит во висина од 90.000 денари!

септември 8, 2023

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.П.(26), Г.В.(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради злоупотреба на лични податоци.

Од МВР соопштија дека жена ги злоупотребила личните податоци на друго лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од одговорно лицето во финансиското друштво за брзи кредити.

Случајот во полицијата го пријавила сопругата на оштетениот, бидејќи тој во моментот не бил во државата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ