Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:
КОСТАДИНОВ ШТО СТАНА СО АЈРО И СО АЛПСКИ ВОЗДУХ ??
Кое лицемерие на градоначалникот обидувајќи се да глуми загрижен граѓанин за воздух во Струмица.
Да го потсетиме Костадинов дека тој е советник во совет на општина Струмица од 2013 година, пратеник кој гласал формирање на влада во 2017 година и градоначалник од 2021 година. Неколку години е дел од највисоките тела на СДС. Со децении со народни пари го плаќаме да понуди решенија за воздухот.
СДС пак во Струмица се 18 години на локална власт и 7 години државна власт.
Костадинов нема право да глуми загрижен граѓанин. Тој досега требало да го реши проблемот.
Но СДС ги излажа струмичани. Костадинов беше потпарол на СДС кога најавуваше мерки за почист воздух, а неговата партија вети алпски воздух.
Протестираа, држеа прес конференции но кога ги избраа со прст не мрднаа.
Неуспешна гасификација, немање план за пошумување на градот, недоволен број на испекциски служби, лошиот урбанизам во Струмица се работи кои можеше да ги реши во текот на неговата политичка кариера.
Денес наместо да одговори на невладините организации која е таа канцерогена бизнис мафија во Струмица, тој се жали на загадениот воздух.
Кое лицемерие!
Потребни се промени и многу работа за да го решиме овој проблем.