ЖАН ДРВОШАНОВ: Градоначалникот на општина Струмица не убедува дека уставните измени и бугарските диктати треба да ги прифатиме бидејќи тоа било проевропски!

мај 30, 2023

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов денеска не убедува дека уставните измени и бугарските диктати треба да ги прифатиме бидејќи тоа било проевропски. Истиот тој човек пред некој месец собирајќи гласови со популистички изјави беше против т.н. ,,француски предлог”.

Да потсетиме дека Костадинов е меѓу ретките политичари кои гласаше за промена на Уставот и промена на државното име, а остана во политиката.

Дека си игра со чувствата и емоциите на граѓаните се доказ и неговите изјави за родовата еднаквост. Изјавите ги дава кога како му одговара.
Упатувам поддршка на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, бидејќи двапати ја напуштаат седницата на Советот на општина Струмица и застануваат на страна на народот и вистината.

Првиот пат кога не им беа дозволени прашањата за реперкусиите од “францускот предлог” бидејќи под диктат на Бугарија беа брусени споменици на народни херои во Струмица.

И втор пат денес, кога Костадинов и советниците на СДСМ немаат храброст да си достојат на зборот против концептите за родовите идентитети.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: