ЗЕЛЕНСКИ: Следната година година Евровизија во Мариупол, Украина!

мај 15, 2022

– Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа! Наредната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија. По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен. Ќе дадеме се од себе еден ден да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во Мариупол, Украина. Слободно, мирно, обновено! Благодарност до сите што гласаа за нас. Сигурен сум дека нашата победа против непријателот не е далеку. Слава на Украина – стои во објавата на Зеленски.

Да потсетиме, претседателот Зеленски претходно пред финалната вечер на натпреварот за најдобра песна во Европа изјави дека победата на неговата земја на тој натпревар ќе биде „симболична“ победа на Украина во војната (против Русија) и ги повика сите да гласаат.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ