Зеленски: ОН не се способни да ги извршуваат функциите за кои се создадени!

април 6, 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одржа своето веќе традиционално ноќно обраќање до нацијата. Тој рече дека Обединетите нации „во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени“.

– Советот за безбедност на ОН постои, а безбедност во светот не постои. За никој. Ова дефинитивно значи дека Обединетите нации во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени. А за тоа е виновна само една држава – Русија која ги дискредитира ОН и сите други меѓународни институции во кои се уште учествува – рече Зеленски.

Зеленски додаде дека со францускиот претседател Емануел Макрон разговарал за хуманитарната ситуација во привремено окупираните региони на Украина.

– Подготвуваме нов пакет силни санкции против Русија за се што таа му направи на нашиот народ – додаде тој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: