Perdormire
Струмица

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ТЕЗГИ „ГЛОБАЛ“ СЕ ОГЛАСИЈА: ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ДА НЕ ГО КОРИСТАТ ПОЖАРОТ ВО „ГЛОБАЛ“ ЗА ПОЕНИ, ЗАГРОЗЕНО НИ Е ПАРЧЕТО ЛЕБ, НИ ТРЕБА СОЛИДАРНОСТ!

Тезги ГТЦ Глобал Струмица:

Сакаме да им се заблагодариме на сите субјекти, физички и правни лица кои се понудија да помогнат во решавање на ситуацијата која настана во ТЦ Глобал, а поради кој немил настан многумина од нас останаа без својот основен приход на живеење.

Меѓутоа, сакаме и да укажеме дека политичките препукувања не се потребни во овој момент. Не треба да се долева бензин на огнот кој беснееше и кој беше изгнаснат.
Ни треба солидарност и сплотеност во овој момент, за да може сите заедно да го изградиме повторно нашето работно место.

Ги замолуваме политичките партии да не го користат пожарот во Глобал да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти зошто со тоа не ни помагаат на нас, жртвите на настанот. Доколку сакаат да покажат со прст кон кривецот за настанот, замолуваме да се почекаат резултатите од истрагата која е започната и институциите да го кажат тоа.
Во понеделник ќе биде отворена сметката за донации за санација на ТЦ Глобал, а ќе започнат и активностите со чистење на објектот.
Согласно ова, ги замолуваме сите оние кои вистински сакат да ни помогнат, да го направат тоа на некој од овие два начини. Само вака, ќе покажете дека стоите до нас, рамо до рамо во оваа несреќа.

ТЦ Глобал бил и ќе биде пазар каде се нуди производот на маката и трудот на земјоделците. Нема да дозволиме да биде политички пазар, посебно во моменти кога ни е загрозено парчето леб и е потребна негова санација и повторно пуштање во употреба
Ви благодариме.