ЗДРАВА КОТЛИНА: КРАТКО И ЈАСНО – СМРДИ НА КОРУПЦИЈА!

јануари 5, 2023

ФЕЈСБУК СТАТУС НА ЗДРАВА КОТЛИНА:

СМРДИ НА КОРУПЦИЈА

Кратко, јасно, разбирливо и аргументирано!

Е сега, секако дека не е јасно за оние што се удобно сместени во длабоките џебови на бизнисот и политиката!

Како бре може во Струмица да немаме магла и со денови немаме изразена температурна инверзија како на другите места што се гледаат на сателитот, ама пак да имаме водство во воздушно загадување пред сите во цела Македонија?

Видете ги графиконите за споредба на Струмица со останатите градови во источната половина на Македонија, може да споредиме и со западната половина на Македонија и пак сме на врвот, не можеме ни со Скопје да се мериме!

А што толку имаме ние специфично во Струмица што го нема никаде во цела држава? Демек само во Струмица дрвата што се користат за греење испуштаат 100 пати повеќе од оние во другите градови??! Друго нема, жими инспекцијата…

Ама не ќе да е баш така! Овде смрди корне на тешка корупција и тотално неодговорно работење!

Не Европа ами во Тунгузија нема да не примат со ваква пасивност и молчење како закрепостени од среден век да не се натратат модерните феудалци!

Молчете си сите и ќе помине… само ветер да има!

Срамота!!!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: