Завршуваат средно медицинско во Македонија и бегаат во Германија – еве колку заработуваат медицинските сестри, болничарите, лаборантите!

јули 22, 2023

Некој со средно медицинско, друг со завршен Медицински факултет, трет со завршен курс за нега на стари лица или физиотерапевт… Но, сите со една единствена цел: да ја напуштат својата татковина Македонија и да се вработат во Германија каде што во моментов болниците се соочуваат со сериозен недостиг на работна сила.

Платите се високи, а условите за работа се перфектни, па токму тоа е причината поради која нашите медицинари со средно образование сѐ почесто одат на работа во Германија.

Според податоците, најбарани се негувателките, болничарите, медицинските сестри и сѐ останато што има завршено медицинско училиште или некаков медицински курс.

На пример, платата на медицинските сестри во Германија достигнува од 1.600 до 4.400 евра, додека главната медицинска сестра зема од 2.000 до 6.800 евра.

Болничарите заработуваат од 1.700 до 5.000 евра, здравствените асистенти од 1.500 до 4.100 евра, асистентите за лична нега добиваат од 1.650 до 2.850 евра, помошниците за исхрана земаат од 1.500 до 4.300 евра, а лаборантите добиваат од 1.800 до 4.000 евра месечна плата.

Па така, ако ја погледнеме листата на најчести работни места во Германија на кои се вработени нашинци кои завршиле медицинско училиште, месечната плата е далеку поголема од сумата што би можеле да ја заработат за истата работа кај нас.

Денар разговараше со нашинец од Скопје кој веќе половина деценија работи како болничар во Германија.

-Пред да заминам во Германија работев во еден дом за стари лица во Скопје. Таму стекнав доволно искуство како болничар и бев подготвен за да си ја испробам среќата во странство. И сега можам да кажам дека воопшто не погрешив. На почетокот ми беше тешко, но по само една година успеав да си ја повлечам сопругата и децата, па сега сите живееме среќно заедно. Работам во една болница во предградието на Минхен. Мојата плата во моментов изнесува 2.300 евра, но Германците навистина знаат да го ценат работникот и постојано добиваме бонуси и нови покачувања на платата. Интересно е тоа што јас не сум единствениот Македонец што работи во болницата. Само како болничари сме вработени тројца Македонци, а да не зборувам колку има Срби, Босанци, Црногорци… – раскажува 50-годишниот Јован од Скопје.

Тој вели дека се чувствува ценето и дека воопшто не почувствувал дека е „граѓанин од втор ред“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ