ЗАВРШИ ДОУРЕДУВАЊЕТО НА ПАТЕКАТА ДО ТРЕТИОТ ГАБРОВСКИ ВОДОПАД!

октомври 5, 2020

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмицa:

📣Туристичката понуда на општина Струмица ја збогативме со уште еден природен бисер во подножјето на планината Беласица, а тоа е третиот водопад во атарот на населеното место Габрово.

✅Ова е проект со кој општина Струмица аплицираше во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој за мерката 323 којашто опфаќа токму вакви проекти – градба или реконструкција на патеки до природни реткости и убавини во нашата околина.

✅Јас сум задоволен што овој проект успешно се заврши, а кој конкретно подразбираше градење на една патека во должина од 740 метри, продолжување на претходната патека и реконструкција на истата и пробивање на нова до третиот водопад, со што е овозможен безбеден пристап до него. Изградени се и два моста и обновени неколку летниковци.

✅Во непосредна близина се наоѓа и една атрактивна пештера која се уште не е доволно истражена и која секако ќе биде предизвик за љубителите на планинскиот туризам и истражувањата, да дојдат да ја посетат и да уживаат во овие убави предели што ги нуди нашата планина Беласица.
#СтрумицаГрижливГрад

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ