strumica denes logo

ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ОД СТРУМИЦА МУ ОВОЗМОЖИЛЕ НА ЗАТВОРЕНИК ДА ПОБЕГНЕ ОД ЗАТВОР!

Автор:

Датум:

декември 22, 2023

Автор:

Датум:

декември 22, 2023

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.Т.(41) и М.С.(49), двајцата од Струмица, вработени во Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од Кривичниот закон. На 04.12.2023, В.Т. – заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С. со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица. М.С., иако знаел дека ваквата наредба е противзаконска, постапил по неа и на тој начин В.Т. и М.С. му овозможиле на осуденото лице да излезе од затворот, иако тој ден немал право да користи таква погодност. Откако осуденото лице било однесено до деловниот објект, влегло само, а по излегување од објектот се дало во бегство.