Полициските службеници на Граничниот премин Богородица синоќа го уапсиле 32-годишниот А.Р. од струмичкото село Баница кој со фалификувана бугарска лична карта на туѓо име се обидел за излезе од Македонија.
При дополнителните проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде бил пуштен на викенд и отсуството се обидел да го искористи за бегство од државата.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, по што бил спроведен во установата.