strumica denes logo

ЗАПОЧНАТА Е КОНЗЕРВАЦИЈА НА ПОМОШНАТА ПРОСТОРИЈА КОЈА СЕ НАОЃА ВО ДВОРОТ НА СПОМЕН КУЌАТА НА ХЕРОЈОТ БЛАГОЈ ЈАНКОВ МУЧЕТО!

Автор:

Датум:

јули 12, 2024

Автор:

Датум:

јули 12, 2024

Започната е конзервација на помошната просторија која се наоѓа во дворот на Спомен куќата на Народниот херој Благој Јанков Мучето. Според проектот за реконцепција и непосредна заштита на меморијалниот музеј предвидено е и заштита на помошниот објект.

По завршувањето предвидено е во него да се одржуваат: промоции, литературни читења, видео презентации и др. активности. Досегашни активности околу санацијата на помошниот објект: Исчистени се кермидите на објектот, поставена е подна кошулица, страничните ѕидови се израмнети со гипс картон во моментов се работи на поставување на нова столарија ( прозорци ) соодветни на оргиналните.

Во наредниот период треба да израсне во посебно катче за одржување разни манифестации на отворено: изложби, промоции на книги, прикажување пригодни филмови преку кои ќе се врши популаризација на културноисториското наследство (движно и недвижно) од Струмица и Струмичко и др.