ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА ДЕТСКИТЕ ИГРАЛИШТА ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА!

мај 3, 2019

Деновиве започна санацијата на детските игралишта на јавните површини во општина Струмица. Се обновуваат сите уништени реквизити наменети за рекреација и одмор кои повторно ќе им бидат во служба на децата. Дел од реквизитите беа оштетени и поради несовесно користење на реквизитите од страна на возрасни граѓани иако истите се наменети само за деца. ЈПКД „Комуналец“ апелира до граѓаните да се воздржат од деструктивно однесување бидејќи се работи за игралишта и реквизити кои го разубавуваат јавниот простор и каде најмладите заедно со своите родители се дружат и социјализираат. Уништувањето на средината во која живеат, освен што е неодговорно, е и законски казниво дело.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: