strumica denes logo

ЗАПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА – ВО ПЕТОК СВЕЧЕНО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА!

Автор:

Датум:

декември 17, 2025

Автор:

Датум:

декември 17, 2025

Во Струмица денес започна новогодишното украсување на јавните површини, со кое градот традиционално ја најавува празничната атмосфера и влегувањето во последните недели од годината. Украсувањето ќе го врши компанијата „ЛИНК МЕДИЈА Скопје“, која во наредниот период ќе работи на поставување на светлосни елементи и декорации на повеќе локации низ градот.

Оваа година вниманието го привлекува и финансискиот дел. Имено, минатата година новогодишното украсување изнесувало 8,5 милиони денари со ДДВ, додека оваа година сумата е драстично помала – 3,5 милиони денари со ДДВ. Тоа претставува намалување од 5,1 милиони денари, односно приближно 59% пониска цена во однос на лани.

Во наредните денови граѓаните ќе можат да ги забележат првите светлосни елементи, а конечниот изглед на празничното украсување ќе биде видлив по завршувањето на сите активности.

Инаку, овој петок, 19 декември 2025 година, на плоштадот во Струмица, со почеток во 17:00 часот, граѓаните се поканети заедно да ја доживеат празничната магија. Свечено ќе биде пуштена новогодишната елка, а за добрата атмосфера ќе се погрижат Стојне со интерактивна Dance забава и DJ Jovanoff.