Недостигот од занаетчии го зафати цел Балкан и барањето на квалитетен мајстор е како барање игла во пласт сено. Ако ви се посреќи и најдете мајстор бидете подготвени за нивната работа да платите многу висока цена. Меѓу овие занаети се издвојува онаа каде што месечната заработка, и покрај моменталните услови, оди и до неколку илјади евра, а тоа се заварувачи.
Кога ќе ги погледнеме тековните огласи за вработување, отворени се десетици позиции за заварувачи, а голем број од нив истакнуваат дека на овие работници плаќаат на час од околу 4 евра до над 12. Кога ќе се понудат фиксни плати, работодавците се подготвени да платат 2.000 евра плата за добар заварувач. Но, за да го работиш овој занает треба да си сертифициран т.е. дека имаш соодветен сертификат.
Како што вели еден заварувач, заварувањето е физички многу напорна работа, но се исплати.
– Во фирмите платите се движат од 1.000 до 2.000 евра, а најмногу зависат од вештината на заварувачот, што се однесува до странските, платите растат и до 2 до 3 пати повеќе, посочи тој.
Во сите отворени огласи за работното место заварувач покрај проверката на вештините, задолжителен услов е да има и потврда или атест.