strumica denes logo

ЖАН ДРВОШАНОВ: Од минатиот пороен дожд ни остана цврство ветување на Костадинов дека ќе го реши случајот со поплавите и неговата последна фотографија со „Спајдармен“

Автор:

Датум:

јуни 6, 2022

Автор:

Датум:

јуни 6, 2022

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Силен дожд од 20 минути ја повтори сликата: соборени стари дрвја и скршени гранки, поплавени улици, дворови, стопански објекти, излиена фекална канализација.

Ако веќе знаевме дека Струмица ја очекува пороен дожд, вистинското прашање е што конкретно е преземено во минативе седум денови од страна на администрација на Општина Струмица, противпожарната единица, Центарот за управување со кризи и редица надлежни органи?

Од минатиот пороен дожд ни останаа цврстото ветување на Костадинов дека ќе го реши случајот со поплавите во Струмица и неговата последна фотографија со „спајдермен”.