strumica denes logo

ЖАН ДРВОШАНОВ: Костадинов и СДСМ ги одбија амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за поплавите на „Младинска“

Автор:

Датум:

јуни 1, 2022

Автор:

Датум:

јуни 1, 2022

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

ПРЕД ДОЖДОТ

Навистина се согласувам дека да се прави политички маркетинг на маката на нашите сограѓани е недолично.

Но, кога граѓаните доцна во ноќта преку телефон барат помош, кога се нервозни заради маката што ги снашла ние кои сме зеле обврска да се грижиме за јавното и општото добро не смееме да не реагираме.

Затоа, многу важно е да се има во предвид дека нашите реакции не се случајни.

Постојат факти зошто Костадинов и СДСМ во Струмица се одговорни за работите што пропуштија да ги направат пред дождот во Струмица:

1. Дали случајно Градоначалникот Костадин Костадинов во својата изборна програма за локалните избори 2021 ја нема спомнато улица ,,Младинска”, ниту решевањето на проблемот со поплавите.

2. Во сите претходни изборни циклуси изминативе 16 години СДСМ на изборите ветуваше дека улица Младинска повеќе нема да се поплавува.

3. Затоа пак, на локалните избори во 2017 година СДСМ во својата изборна програма ветуваа:
Да поставиме одводен канал за атмосферска вода на улица „Младинска“

4. На локалните избори 2009 година СДСМ во својата изборна програма пред струмичани вети посебен проект за ова прашање.

5. Исто така поранешниот градоначалник Зоран Заев во 2014 година ни ветуваше дека со ободниот канал е решен проблемот на улица ,,Младинска”.

Затоа потребно е да се запрашаме што Костадинов и СДСМ пропуштија да направат пред проблемите кои не снајдоа деновиве:

1. Во мојата изборна програма за локалните избори 2021 ветивме дека ќе се заложиме за санација на поплавите на ,,Младинска” преку ископување на одводен канал на улиците „Младинска“ и „Маршал Тито“, ќе се спречи поплавувањето на околните куќи;
Таа идеја, се разбира, се уште е една опција пред мнозинството во Советот.

2. ВМРО-ДПМНЕ Струмица преку својата Советничка група и пратениците во повеќе наврати бара и предлага решавање на овој проблем.
Патем, Владата на СДСМ, предводена од Зоран Заев при креирење на буџетот за 2022 година ги отфрли амандманите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со кои се предвидуваше изградба на ободен канал на улица Младинска во должина од 2 километри со поставување на 20 нови шахти.

4. Владата на СДСМ, предводена од Зоран Заев при креирење на буџетот за 2022 година ги отфрли амандманите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со кои се предвидуваше изградба на ободен канал за атмосферски води во Куклиш и покривање на ободниот канал во Дабиле.

5. Градоначалникот Костадинов го одби аманданот на Советниците на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на атмосферска канализација на улица Ѓорги Трајков, која излегува на улица Младинска.

6. Градоначалникот Костадинов го одби аманданот на Советниците на ВМРО-ДПМНЕ за Изградба на одводен канал во Куклиш (од Џоко Стојанов до училиштето)

7. Градоначалникот Костадинов го одби аманданот на Советниците на ВМРО-ДПМНЕ за атмосферска канализација на улица МХЈ од куќен број 95 до куќен број 103

8. Градоначалникот Костадинов го одби аманданот на Советниците на ВМРО-ДПМНЕ за одводните канали во селата Дабиле и Муртино.

9. Покрај овие предупредувања и предлози како дел од комисијата за штети при општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ побаравме свикување на седница за проценка на штетите од невремето во Општина Струмица.
Значи ние нашата задача како опозиција со конструктивен пристап низ редица предлози и барања уредно ја завршуваме пред дождот.
Ама, дождот ги открива сите оние запретани шахти и проблеми затруени по фиоки на една локална администрација која веќе предолго трае.