ЖАН ДРВОШАНОВ: Јавните претпријатија во Струмица се соочуват со огромен долг и се превработени со партиски кадри!

август 3, 2022

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Медиумите го објавуват она за што предупредуваме веќе подолго време.
Јавните претпријатија во Струмица се соочуват со огромен долг.

Јавните претпријатија се превработени со партиски кадри.

Додека одредени вработени во јавни претпријатија работат интензивно на свои приватни бизниси други пак работат во интерес на приватните бизниси на партиските големци.
На пример: ЈП Комуналец Струмица е едно од најголемите претпријатија во државата со 386 вработени и уште 100тина привремено вработени.

И, покрај толку вработени, граѓаните се чудат зошто хигиената во градот е во катострофална состојба. Секое лето имаме рестрикции на вода.
Лошиот менаџмент на претпријатието Комуналец во првите 3 месеци бележи загуба од 25 милиони денари.

Го повикуваме градоначалникот Костадинов, доколку се потврди ваквата состојба објавена низ медиумите и доколку не е соучесник да ги санкционира и разреши сите засегнати во приказната.

Некои вработени од јавните претпријатија пак, деновиве се толку жолчни во навредата кон сограѓаните и понижувањата преку социјалните медиуми што од време ги поминаа сите граници.

Нам ни останува да ги предупредиме дека сите заедно живееме и ја градиме Струмица.

Како и да е, за среќа, ниту граѓаните не спијат и будно следиме.

Сите случаи се разгледуват и во одреден погоден момент ќе бидат процесуирани и соодветно санкционирани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ