ЖАН ДРВОШАНОВ: Ако сите проекти во Струмица се релизираа професионално, немаше да ни бидат горка реалност – Поплавените домови се редовна слика после секој дожд!

мај 29, 2022

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

ПОПЛАВЕНИ ДОМОВИ- РЕДОВНА СЛИКА ВО СТРУМИЦА

Големото невреме што денеска ја зафати Струмица и регионот немаше да донесе толку поплавени домови, улици и деловни објекти, немаше да го сопре нормалниот сообраќај низ градот ако се инвестираше во одводни мрежи и сличните решенија.

Ако сите проекти се реализираа професионално и во полза на граѓаните, ако барем правилно се одржува постојната мрежа, за време од пет мандати вакви сцени немаше да ни бидат горка реалност.
Наместо тоа, во сите мандати во Струмица се инвестира во изградба на станбени и деловни објекти кои претежно се од интерес на партиските финансиери.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ