strumica denes logo

За три месеци од Германија депортирани 483 македонски државјани!

Автор:

Датум:

мај 27, 2024

Автор:

Датум:

мај 27, 2024

Во првиот квартал од 2024 година од Германија биле депортирани 483 македонски граѓани, а во текот на целата измината година 1.177, објави германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг“.

Во статијата се наведува дека бројот на депортирани лица од Германија годинава е значително поголем од лани, па така во првиот квартал од 2024 година бројот на депортации е зголемен за една третина. Според податоците на германската влада, од јануари до март годинава од Германија биле депортирани 4.791 лице или за околу 34 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.

Македонија е на врвот на листата на депортации. Во првиот квартал од 2024 година од Германија биле депортирани 483 македонски граѓани, а во текот на целата измината година 1.177. Од 483 депортирани државјани на Македонија во првиот квартал од 2024 година, 233 се жени, а 227 малолетни лица.

На второ место по бројот на депортации е Турција каде се вратиле 449 граѓани, по што следуваат Грузија (416), Авганистан (345) и Србија (312).