strumica denes logo

ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Промовиран првиот Бизнис иновациски центар во Струмица

Автор:

Датум:

октомври 6, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 6, 2018

Категории:

Струмица

Синоќа во хотелот „Сириус“ беше промовиран Бизнис иновациски центар, прв од таков вид во Република Македонија. Присутните на промоцијата ги поздрави градоначалникот Коста Јаневски, кој во своето обраќање потенцираше дека овој центар има големо значење за економскиот развој на општина Струмица.

-Поаѓајќи од фактот дека добриот економски развој, подразбира процес во кој Општината, заедно со партнерите од јавниот, приватниот и невладиниот сектор, работат заеднички за остварување на тој развој, Општина Струмица, во рамките на своите надлежности дефинирани со Законот за локална самоуправа, спроведе и спроведува низа активности кои се во функција на таа зададена цел. Тоа пред се значи, водење локална економска политика и планирање на локалниот економски развој, преку утврдување на развојните приоритети, поддршка на развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото, како и учество во воспоставување и развој на локалната мрежа од институции и агенции за промовирање партнерство. Сите овие нешта, беа мотивски и движечки фактори за Општината, при донесувањето на еден исклучително важен документ за нашата општина, а тоа е Стратегијата за локален економски развој на општина Струмица, за периодот од 2016 до 2020 година. За волја на вистината, мене оваа стратегија многу ми значи, бидејќи ја имав таа среќа, како поранешен член на Советот, да бидам еден од тие кои ја донеле, а денес како градоначалник, истата и да ја реализирам, со цел општина Струмица да биде водечка општина во регионот и една од економски најразвиените општини во Македонија. Чинам, дека сме на добар пат тоа и да го оствариме.Во оваа прилика морам да спомнам, дека дополнителен импулс на Стратегијата за Локален економски развој на општина Струмица, 2016-2020 година, дава и Бизнис иновацискиот центар Струмица, како прв од таков вид во Република Македонија. Поттикнувањето на претппиемништвото и иновациите, поддршката за создавање нови иновативни и високотехнолошки компании, создавањето услови за отворање на нови работни места, креирањето развојни стратегии на компаниите, се само дел од многуте цели на постоењето на овој Бизнис иновациски центар Струмица, кои исто така се во функција на значителен растеж на економијата во нашата општина. Убеден сум дека симбиозата на овој Центар со Стратегијата за локален економски развој на општина Струмица, ќе ги даде посакуваните бенефити, како за економските субјекти, така и за сите граѓани на општина Струмица, рече градоначалникот Јаневски.