Струмичките пожарникари денеска реализирале несекојдневна интервенција во селото Моноспитово, откако добиле повик од семејство кое пријавило дека во кујната од нивниот дом се појавила змија.
Според информациите на порталот Радио СтрумицаНет, повикот бил примен околу 13:00 часот, по што на терен веднаш биле упатени двајца пожарникари-спасители со едно противпожарно возило.
По пристигнувањето, пожарникарите ја лоцирале змијата, безбедно ја заловиле и ја отстраниле од куќата, со што опасноста за жителите била целосно отстранета.
Интервенцијата завршила успешно, без последици, а уште еднаш била потврдена подготвеноста на струмичките пожарникари да реагираат и во ситуации кои не се поврзани со пожари, туку со заштита и безбедност на граѓаните.
ФОТО: АИ






















