ЗА НОВА ГОДИНА ЌЕ СЕ УКРАСУВА САМО ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ПОРАДИ ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА – ОД 1,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА УКРАСУВАЊЕ, ЌЕ СЕ НАМАЛИ НА 400 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ!

ноември 15, 2021

На денешната втора седница на Советот на општина Струмица беше усвоен кварталниот извештај за извршување на општинскиот буџет за третиот квартал од 2021 година чија реализација изнесува 71 процент.

Основниот буџет има реализација од 72 процента во однос на планираното, наменските дотации 75 проценти, самофинансирачките активности 32 проценти, донациите 37 проценти од планираното и реализацијата на кредити е 100 проценти.

Беше донесена и одлука за измена и дополнување на буџетот за 2021 година и тоа во Програмите за изработка на урбанистички планови и уредување на градежното земјиште, за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот, во областа на меѓународна соработка, за изградба и одржување на јавното осветлување, за одржување на јавно зеленило, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, во областа на културата, спортот и младите, за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската унија, за активности во областа на заштитата на животната средина, социјалната
заштита и заштитата на децата и за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2021 година.

Советниците едногласно го прифатија предлогот на градоначалникот Костадин Костадинов за намалување на средствата за новогодишно украсување на градот од планираните 1,5 милиони денари на 400 илјади денари, поради енергетската криза, а ќе се украсува само градскиот плоштад.

На седницата беше донесена уште една одлука на предлог од градоначалникот Костадинов за продажба на службеното возило наменето за градоначалникот, а средствата од продажбата ќе бидата наменети за Младинскиот културен центар.

На дневен ред беа и извештајот за работата на јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ и програмата за работа на општинската јавна установа –Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2022 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ