Бадник не е само последниот ден од големите пости, туку и трепет исполнет со очекување да се роди Божјиот Син. Бадник е и еден од најважните семејни празници. Тој е посветен на домот, огништето, но и на починатите предци-роднини, кои исто така се сметаат за дел од семејството. По старата традиција, пред да се нареди празничната трпеза на Бадник, господарот на куќата треба да го запали огништето со дрвце, наречено Бадниково дрвце велејќи: “Колку искри, толко пилиња, телиња и дечиња во овој дом!” Според традицијата, во денот кога се очекувало да се роди дете, мажот со палењето на дрвото, требало да ги истера духовите на починатите и лошите луѓе од куќата. Во искрите од огнот пак се гледа каква ќе биде годината. Колку повеќе искри има, толку богата ќе е жетвата, кравите ќе се помлечни, а свињите – подебели. Затоа јадењата што се служат на трпезата имаат за цел да донесат плодност и среќа во текот на целата наредна година.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ: На Бадник – небото се отвора, желбите се остваруваат!
Премиерот Христијан Мицкоски до архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архиерејски синод, свештенство и монаштво, и до…
Бадник не е само последниот ден од големите пости, туку и трепет исполнет со очекување да се роди Божјиот Син.…
Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Египет. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните беа прогонувани од…
Православната црква, во својата долга историја, има практика на решавање проблеми и поделби од секаков вид, практика што произлегува од…
Мал број на граѓани се сеќаваат дека во Македонија има изум кој за 15 минути растерува магла но од неразбирливи…
Никола Тесла, познат по своите револуционерни изуми, не бил само научен ум, туку и човек со строг начин на живот,…