За храна, месечно потребни се околу 1000 евра или три минимални плати – Како издржува народот?

март 1, 2024

Денеска граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок поради не продолжување на мерката загарантирани цени на прехранбените производи. Со ваквата одлука, директно се удира по џебот на граѓаните. Од денеска цените на прехранбените производи значително ќе се зголемат, а со тоа и инфлацијата која што во моментот е 50 проценти поголема од онаа во еврозоната, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Наводното зголемување на платите е безначајно бидејќи куповната моќ на парите е намалена. Па така за да се наполни една потрошувачка кошничка потребни се околу 1000 евра, или три минимални плати.

Со овој ценовен шок и зголемување на цените на прехранбените производи само ќе се зголемува бројот на оние 600.000 сиромашни граѓани кои денот го поминуваат со 150 денари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ