strumica denes logo

ВТОРА СТРАНА НА ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ОД СТРУМИЦА: ПОДНЕЛЕ ПРИЈАВА ДЕКА ТИЕ ВО ЗАТВОРОТ БИЛЕ НАЈПРВИН НАПАДНАТИ ОД Ј.А!

Автор:

Датум:

декември 14, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 14, 2020

Категории:

Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против полициските службеници П.П.(31) од с.Василево и А.М.(25) од Струмица, поради кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 од Кривичниот законик.

Тие на 01.12.2020, постапувајќи по наредба за вршење на служба, околу 09.45 часот, додека биле во КПУ – Затвор Струмица, со цел да извршат достава на пресуда од Основен суд Скопје 1 на осуденикот Ј.А. од Струмица, постапиле несовесно за време на вршење на службата.

Според МВР, откако Ј.А. почнал непристојно да се однесува кон нив, тие физички го нападнале во присуство на вработени од затворот. Веднаш по пријавување на настанот, полициски службеници од СВР Струмица во содејство со полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола презедоа мерки за целосно расчистување на настанот, соопшти полицијата.

На оваа информација Струмица Денес од струмичката полиција ја побара и втората страна, односно пријавата од страна на полициските службеници П.П и А.М:

Во врска со вашето барање, Ве известуваме дека на 01.12.2020 година во Полициската станица од општа надлежност Струмица, од страна на полициските службеници П.П и А.М, пријавено е напад врз службено лице при работи на безбедноста за време на вршење на служба во затворот во Струмица.

СВР Струмица превзеде мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што е доставен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство во Струмица. Известувањето Ви го доставуваме на ваше барање.