ВРЕМЕТО ТЕЧЕЛО ПЕТПАТИ ПОБАВНО ВО УНИВЕРЗУМОТ НА ПОЧЕТОКОТ!

јули 17, 2023

Времето течело многу побавно во универзумот на почетокот во споредба со денес, открија научниците. Теоријата за релативноста на Алберт Ајнштајн го предвидела тоа, а сега е потврдено.

Научниците користеле светли квазари како еден вид вселенски часовник за да го измерат времето кога универзумот бил многу постар.

– Гледајќи наназад во времето кога универзумот бил стар нешто повеќе од милијарда години, гледаме дека времето течело петпати побавно – рекол Герент Луис од Универзитетот во Сиднеј, кој работел на истражувањето.

Како што објаснил тој, доколку сме во тоа време, една секунда би ни се чинела како една секунда, но од денешна перспектива, таа секунда би изгледала подолга.

Луис и други истражувачи собрале податоци од над 200 квазари за потребите на истражувањето. Квазарите се многу активни супермасивни црни дупки кои се наоѓаат во средината на старите галаксии. Со помош на квазарите, научниците можеле да погледнат далеку во минатото, кога универзумот бил стар само една милијарда години.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ