strumica denes logo

ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ НА ВЛАДИМИР ПУТИН: ГИ ПРИЗНА ДОЊЕЦК И ЛУГАНСК, ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИТЕ ЗА КИЕВ – ИСТОКОТ Е ПРЕД ВОЈНА?

Автор:

Датум:

февруари 21, 2022

Автор:

Датум:

февруари 21, 2022

Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложува одлуката според која има намера да го признае суверентитетот на Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН.

Своето обраќање Путин го почна со историјата, тврдејќи дека модерна Украина е создадена од Русија.

– Модерна Украина е создадена од Русија, болшевичка Русија. Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде, рече Путин во ТВ-обраќањето. Тој го критикуваше поранешниот комунистички лидер Ленин, нарекувајќи го „автор и архитект“ на Украина. Путин вели дека со тоа ја „обесправил“ Русија.

– Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин во 20-тите години на минатиот век. Русија беше ограбена при распаѓањето на СССР, оцени Путин. Украина не е само наша соседна земја. Таа е нераскинлив дел од нашата историја, во која живеат нашите пријатели и роднини, рече Путин.

Зборувајќи за безбедносната ситуација во источна Украина, Путин состојбата ја оквалификува како „критична“.