ВОЈО И СИМОНА ЏИНГАРСКИ ОД СТРУМИЧКО, ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ „LIE TO ME“ ВО БУГАРИЈА!

јули 29, 2021

Симона и Војче Џингарски од Струмица под менторство на Русуманов Васе од истражувачкиот центар за безбедност, обрана и мир (ИЦБОМ), неодамна учествуваа на проектот за медиумска писменост „LIE TO ME“ во Република Бугарија. Проектот се реализираше преку работилници, презентации на учесниците и на експерти од соодветната област, што овозможи размена на искуства и стекнување на нови знаења од областа на медиумската писменост.

Во рамките на проектот секој национален тим ја промовираше својата држава на националните вечери, со што сите учесници имаа можност да се запознаат со природните убавини и традиционалната кујна на Македонија и да уживаат во македонското културно богатство, – рече Д-р Богданова-Смилевска за ОХРИД ЊУС.

Освен Симона и Војче Џингарски, дел од проектот беа и Д-р Билјана Богданова-Смилевска и Искра Андонова.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ