ВО СТРУМИЦА СЕ ОДДРЖА РЕГИОНАЛНА МУЗИЧКА РЕВИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ!

мај 12, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Кога пензионерите играат и пеат, тоа го прават со срце и душа. Во тоа се уверив на денешната Регионална музичка ревија на пензионери, во организација на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, чиј домаќин беше Здружението на пензионери од Струмица.

Имав задоволство да им се обратам на присутните и да ги поздравам учесниците на ревијата од Штип, Пробиштип, Злетово, Свети Николе, Лозово, Радовиш, Ново Село и Струмица, и да им посакам успешен настап и убав и безгрижен пензионерски живот.

Пензионерите се дел од нашата заедница и нашето општество. Тие заслужуваат должно внимание и почит од сите нас. Да ни се живи, здрави и среќни.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ