Денеска започна пролетното чистење на дивите депонии на територијата на општина Струмица и тоа од најголемата, на влезот во населеното место Банско.
Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека во наредните два до три месеци, паралелно со чистењето на дивите депонии, ќе биде спроведено и генерално чистење на градот и населените места, како и собирање на кабаст и електронски отпад од домовите на граѓаните.
Минатата година беа исчистени 27 диви депонии, за жал, истите пак се повторија и оваа година.