Во Струмица ќе се реализира проектот „Мрежа на велосипедски градови!

април 13, 2022

Прекуграничниот проект помеѓу општина Струмица и општина Серес од Грција „Мрежа на велосипедски градови“ денеска доби зелено светло од Советот на општина Струмица на којашто присуствуваше градоначалникот Костадин Костадинов. Тој го истакна задоволството што во Струмица ќе се реализира уште еден проект финансиран од ЕУ фондовите.

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

🤝Овој прекуграничен проект помеѓу општина Струмица и општина Серес од Грција денеска доби зелено светло од Советот на општина Струмица, а со него добиваме⬇️

🚴Вело Зона Градски парк Струмица – изградба на велосипедска адреналинска патека („Pump track“ патека)

🚲Вело Полигон за деца – Градски парк Струмица

🚵‍♀️Уредување на планински велосипедски патеки на месноста Чам Чифлик

🔧Поставување на Станици за поправка на велосипеди во Градски парк

🚴‍♂️Подготовка на мастер-план за идни проекти на општина Струмица од областа на велосипедизмот, велосипедската инфраструктура и безбедноста во сообраќајот

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: