Home

Perdormire
Екологија Струмица

Во Струмица ќе биде поставена „pop-up продавница“ со понуда на био-базирани производи!

Home

Во петок (30 јули), од 14:00 часот на просторот кај Дом на АРМ во Струмица ќе биде отворена „pop-up продавница“, каде граѓаните ќе имат можност да видат голем број на био-базирани производи од цела Европа, но и да научат повеќе за циркуларната економија и целите на одржлив развој.

„Pop-up продавница“ ќе биде поставена во периодот од 30 јули до 8 август, во рамките на проектот BE-Rural, а се реализира од Интернационалниот центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи – Македонска секција (SDEWES – Скопје) и Општина Струмица, кој е дел од проектот BE-Rural, финансиран во рамките на програмата „Хоризонт 2020“ на ЕУ.

Целта на овој проект е да го истражи потенцијалот на регионалните и локалните био-базирани економии преку поддршка на релевантните чинители за развој на стратегии за биоекономијата, како и развој на патокази и бизнис модели.

Проектот се фокусира на пет региони: Струмичкиот регион (општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село), како и Видземе и Курземе (Латвија), Ковасна (Романија), Стара Загора (Бугарија), Шчечин и Вистула Лагуна (Полска).