strumica denes logo

ВО СРЕДА НА 22 АПРИЛ, ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „ИГРА НА ЉУБОВТА И СМРТТА“ ВО РЕЖИЈА НА СТРУМИЧАНКАТА ВАСКА АНГЕЛОВА!

Автор:

Датум:

април 15, 2026

Автор:

Датум:

април 15, 2026

Ви ја најавуваме премиерата на претставата “ИГРА НА ЉУБОВТА И СМРТТА” од авторот Роман Роланд, а во режија на Васка Ангелова.

22.04.2026 (среда) со почеток од 20:00ч. Во НУЦК” Антон Панов” Струмица.

Билети можат да се резервираат на броевите 078562661 и 072233012, а ќе можат и да се подигнат од билетарница во НУЦК “Антон Панов” секој работен ден од 13:00 до 20:00 ч.

Во центарот на драмата се љубовта, жртвата и моралната дилема: дали револуцијата, во својата борба за слобода, ја губи својата човечност? Ликовите се движат помеѓу надежта и очајот, помеѓу верата во правдата и стравот од теророт, помеѓу љубовта и смртта.

Зошто „игра“?
Затоа што во оваа структура никој не е целосно свесен за улогата што ја игра. Ликовите влегуваат во неа со уверување дека прават нешто исправно, нешто неопходно, нешто што мора да се случи. Но правилата на таа игра се менуваат додека се игра. И она што започнува како борба за живот, завршува како движење кон смрт – не секогаш физичка, туку често морална, духовна, тивка.

Ве очекуваме!