strumica denes logo

ВО ПЕТОК ВО СТРУМИЦА ВО СПОРТСКАТА САЛА „ПАРК“, ПРОМОЦИЈА НА КАНДИДАТУРАТА НА ПЕТАР ЈАНКОВ, КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ!

Автор:

Датум:

септември 24, 2025

Автор:

Датум:

септември 24, 2025

Кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков, во петок на 26 септември, во 20:00 часот во спортската сала „Парк“ – Струмица, ќе ја промовира својата кандидатура и победничката листа за Совет на општината.

Најавувајќи ја промоцијата, Јанков истакна дека е време за нова визија и обединета Струмица – како заедничко семејство и дом за сите граѓани. Тој порача дека Струмица треба да му припаѓа на народот, а не на политичарите.

Настанот ќе претставува почеток на, како што нагласува Јанков, „големо движење кое ќе донесе промени, надеж и победа за секој струмичанец“.