Во ООУ „Маршал Тито“ од Муртино реализирана заедничка активност од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“

октомври 2, 2018

Во рамките на проектот финансиран од Детската Фондација Песталоци, учениците од ООУ „Маршал Тито“ во село Муртино, реализираа програмска активност планирана за секцијата по физичко и здравствено образование. Активноста наречена „фудбал со раце по земја“, опфати повеќе елементи на заедничка тимска работа, работа во групи, меѓусебна соработка, дружење и учење едни од други. Учениците споделуваа нови искуства и учеа креативните спортски содржини, вежби и игри кои физички директно влијаат врз правилниот раст и развој на ученикот, ја подобруваат неговата физичка способност и здравјето и го потикнуваат на здравиот начин на живот.
Дружењето на учениците од различни етнички групи и почитувањето на различностите ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови, психосоцијални и интерперсонални комуникациски способности, со развиени вештини за позитивно емоционално изразување во спортските игри. Општина Струмица, како партнер во овој проект, продолжува со поддршка на активностите од заеднички интерес. Проектот е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со БРО-Скопје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ