strumica denes logo

ВО НЕДЕЛА ШТРАПАРИЈАДА ВО САРАЈ: НАТПРЕВАР НА КОЊИ ВО ВЛЕЧЕЊЕ ТРУПЦИ – НАЈВИСОКАТА НАГРАДА Е 1.500 ЕВРА!

Автор:

Датум:

март 22, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

март 22, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Штрапаријада е настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци кои тежат до три тони. Овој настан започна во 2006 година во Босна, а набрзо се прошири и во Србија и Хрватска. Главното правило е да се доведат трупците до целта. Овој настан нема традиционална, културна, образовна или уметничка вредност.

Турнирот ќе се одржи и во нашата држава организирано од Џоко Мирчев (Џоканов) и неговиот син Боро Џоканов на 27. март (недела) со почеток од 11 часот во село Сарај, општина Босилово пред ресторанот „Golden Palace“. За сите љубители на овој спорт кои ќе присуствуваат, ќе има музика во живо со добра забава.

Коњите ќе бидат поделени во неколку категории според тежината и големината на трупот.

Тешка категорија: Од 600 до 1000 килограми, големина на труп 1.6 кубик, награда за прво место 1500 евра.
Средна категорија: Од 450 до 550 килограми, големина на труп 0.90 кубик, награда за прво место 300 евра.
Лесна категорија: Од 350 до 450 килограми, големина на труп 0.65 кубик, награда за прво место 150 евра.

Сите кои ќе земат учество на турнирот со свој коњ, потребно е да имаат документ од вага за тежината на самиот коњ.

Влезот на овој турнир ќе изнесува 100 денари, а водител ќе биде Станислав Јакица.