Во коцкарниците се намножија лихварите: Големи главоболки од малите позајмици!

февруари 11, 2021

Вест на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ!

Од година во година бројот на граѓани од сите генерации што играат на игрите за среќа постојано се зголемува. Точен број колку граѓани се „зависни“ од игрите на среќа засега нема, но со оглед на сè поголемиот број обложувалници или мини-казина, јасно е дека нивниот број расте.

Во потрага по одговори на овие прашања, репортерската екипа на „Слободен печат“ откри загрижувачки факти за последиците од овој порок.

Во обложувалниците, a и во мини казината со слот апарати, сè почесто има малолетници, кои играат со пари што им ги дале нивните родители за друга намена. Во некои обложувалници не им се дозволува да уплатат тикет или да играат, а во некои тоа можат да го направат без проблем, иако според закон е забрането.

Според наши соговорници, во обложувалниците и коцкарниците се почесто „ординираат“ лихвари на ситно, кои им нудат позајмици на играчите кои останале без пари, се разбира, за голема камата и на кратки рокови. За позајмени 1.000 денари, рокот на враќање е една недела, а сумата што треба да се врати се движи од 1.500 до 2.000 денари!

– За првпат позајмени пари, периодот на враќање на парите се знае дека е една недела. Доколку не бидат вратени за тој период, започнува одбројувањето на камата од 15 отсто за екстра секој ден изминат. Повеќето од лицата што од мене „позајмуваат“ пари се трудат навреме да ги вратат истите бидејќи голем дел од нив постојано се задолжуваат и се редовни клиенти – вели лихвар од скопската населба Аеродром, кој оперира во овој дел од градот.

Соговорниците велат дека некои од играчите „заглавуваат“ во големи проблеми ако не можат да ги вратат парите во наведениот рок. За мала позајмица должат многу пари и лихварите им се „на врат“. Таквите обично ги менуваат коцкарниците, или воопшто не се појавуваат подолго време.

Оваа незаконска појава, освен во Скопје, добива загрижувачки размери и во Тетово. Затоа, движењето „Антикоцкање“ од овој град подолго време бара времено затворање на сите објекти за игри на среќа, сѐ до донесување закон што ќе предвидува таквите објекти да бидат на три километри надвор од населени места.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

СЛИЧНИ ВЕСТИ