Во гробница во Кина пронајден календар стар 2.000 години!

јануари 9, 2024

Кинеските археолози пронајдоа мистериозен сет на правоаголни дрвени парчиња поврзани со древен астрономски календар. Артефактите се откриени во исклучително добро сочувана гробница стара 2.000 години лоцирана во југозападниот дел на Кина.

Секој од 23-те дрвени парчиња е широк околу 2,5 см и долг околу 10 см и прикажува кинески знак поврзан со Тианган Дичи, „Десет небесни стебла и 12 земни гранки“, традиционален кинески астрономски календар создаден за време на династијата Шан, која владеела околу 1.600 до 1.045 година пред новата ера.

Археолозите веруваат дека едно од дрвените парчиња би можело да претставува било која тековна година, а другите 22 би можеле да се користат за одредување на одредена година во древниот календар.

Кружните перфорации на рабовите на секое парче сугерираат дека некогаш биле поврзани. Сепак, сè уште не е јасно како функционирал овој календар. Ова е првпат вакви предмети да се најдат во древна гробница, иако практиката на пишување знаци на ленти од дрво или бамбус била вообичаена во Кина пред да биде измислена хартијата.

Дрвените делови и многу други артефакти беа откриени неодамна во округот Вулон, 1.400 километри југозападно од Пекинг. Има пишан список на сите погребни предмети во гробницата, а изградена е во 193 година п.н.е.. Ова значи дека гробницата датира од династијата Западен Хан, која владеела со поголемиот дел од Кина од 206 до 9 п.н.е.. Потоа следело владеењето на династијата Источен Хан до 220 година. Овие периоди се сметаат за „златното доба“ во кое биле воспоставени многу кинески традиции.

Археологот Ван Мен рече дека гробницата е всушност најдобро зачуваната дрвена коморна гробница што некогаш била пронајдена во Југозападна Кина.

Водачот на проектот, Хуан Веи, изјави за Global Times дека гробницата содржи повеќе од 600 културни артефакти, вклучувајќи лакирани садови, кутии, тегли и чинии. Исто така, имало прибор од бамбус, музички цевки, копја и стативи за готвење од бакар, а биле пронајдени и дрвени фигурини, бронзени предмети и друго.

Астрономот Ед Круп, директор на опсерваторијата Грифит во Лос Анџелес, учествувал во откривањето на гробницата и за Live Science изјави дека дрвените парчиња се необични.

„Значајни се затоа што го претставуваат првиот и единствен познат пример за ваков тип на натпис на овој тип на предмети“, тврди тој.

Се чини дека множеството дрвени парчиња не можело да функционира како календар, туку тие би можеле да се користат за да се однесуваат на која било година од 60-годишниот календарски циклус.

„Ако е така, тоа не се ‘книги’, туку предмети што се користат за истакнување на одредена година“, посочи тој.

Напомена сличност со практиката во таоистичкиот храм во кинескиот град Сужоу, каде секоја година во циклусот е претставена со статуа што е посебно означена кога станува актуелна.

Круп рече дека наодите од гробницата покажуваат дека во неа била закопана личност со висок статус, бидејќи се работи за богат и скап материјал.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ