ВО АВТОМОБИЛ ВО СТРУМИЦА ПРОНАЈДЕНИ ПОВЕЌЕ ПАКУВАЊА СО АМФЕТАМИН!

октомври 20, 2022

СВР-СТРУМИЦА:

На 19.10.2022 во 20.30 часот на улица „Цветан Димов“ во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Б.М.(51), Г.М.(48), Д.М.(27), сите од Кочани и Д.А.(21) од село Грдовци, кочанско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.М., а во кое сопатници биле останатите лица, биле пронајдени повеќе пакувања со амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ