strumica denes logo

ВНИМАВАЈТЕ: Струмичанец се фрла пред автомобилите и подоцна бара пара од возачите за оштета, а доколку не ги добие вика полиција!

Автор:

Датум:

јануари 24, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јануари 24, 2021

Категории:

Струмица
????????????????????????????????????

Редакцијата на Струмица Денес доби информација од очевидец кој вчера присустувал на необичен настан во Струмица.

Како што вели тој, се работи за струмичанец кој намерно се фрлил пред автомобил и истиот барал пари од возачот за наводната повреда на неговите гради.

Откако возачот одбил да му ја даде сумата која ја бара, повикал полиција и пред нив почнал да глуми дека е многу повреден и му треба итно преглед во болница, но и на самиот преглед не е констатирано никакви повреди а возачот на автомобилот поминал без никакви проблеми.

Како што добивме информација, ова не е прв пат да се случува во Струмица.

Таков случај имало пред пред 2 месеци повторно во близина на истото место.

Затоа внимавајте, некои луѓе прават се’ да дојдат до финансиски средства, без разлика на кој начин тоа ќе го направат.