ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
СДСМ среде Струмица ги штитат бизнис интересите на ДУИ.
(Реакција на прес конференција на министерка Тренчевска и СДСМ Струмица)
СДСМ среде Струмица ги штитат бизнис интересите на ДУИ. Криминалните пипци на овој тандем за тендери и матни бизниси стигна и во Струмица. Тајно спојуваат концесии, а потоа лажно се преставуваат пред струмичани, за душегрижници. Тоа е лицемерието на оваа партија.
Еве како стојат фактите:
1. На 4 мај 2004 тогашниот Влада на СДСМ и заменик-премиерот Радмила Шекеринска потпишаа одлука за давање концесија во с. Иловица со што се овозможи отварање на рудник во Иловица.
2. На 5 јуни 2023 на седнциа на Влада на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се носи одлука за спојување на концесиите за рудник во Иловица.
3. На 11 јуни 2023, советниците на СДСМ во Општина Струмица гласаат против ставање на дневен ред на точка поврзана со рудници во Струмица.
Иловица е интересот на ДУИ кој го штити СДСМ.
Со кое лице СДСМ Струмица зборува против рудник во Иловица кога цела власт е во нивни раце, а тие ги носат одлуките за отварање на рудник.
Распаднатиот систем на вредности во СДСМ го забележуваат струмичани а нивното лицемерии мора да биде поразено наредните избори.