Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:
Вечниот советник и функционер во СДСМ Струмица, Даскаловски со банални соопштенија се обидува да ги оспори резултатите на ВМРО-ДПМНЕ во борбата со криминалот и корупцијата.
На СДСМ ОО Струмица да им е јасно дека криминалот и безредието нема повеќе да владејат на територија на Општина Струмица.
Криминалците од СДСМ Струмица свесно исплашени за своите далавери додека беа на власт, лиферуваат соопштенија против СВР Струмица која во последните година е најуспешна по борбата со криминалот во државата.
За време на Владата на СДСМ во Струмица се случуваа нерасчистени убиства и самоубивства, нарко бандите се шетаа низ градот, бизнисот со марихуана и мигранти цветаше, крадци од цела државаа оперираа во Струмица, владееше безредие во сообраќајот, а картелите блиски до СДСМ заедно со нивните политичките моќници владееја со градот.
Сега има ред, а СВР Струмица по смената на раководството на СВР Струмица, секторот за внатрешни работи – Струмица покажува забележителни резултати во сите сегменти на полициското работење. Притоа, треба да се потенцира и дека има најдобри резултати во борбата против нелегалната трговија со дрога, како и во борбата со корупцијата, преземајќи мерки и дејствија со цел процесуирање на кривични пријави до надлежните јавни обвинителства и против лица функционери поставени од претходната власт.
Речиси и да нема висок функционер во СДСМ Струмица за кој нема кривична постапка.
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба има против поранешниот директор на ЈП Комуналец, против актуелни директори на училишта, против актуелен пратеник од СДСМ и поранешен директор на затворот во Струмица, против градоначалници и советници, против раководни лица во Општина Струмица.
Целиот овој успех на СВР Струмица го загрижува раководството на СДСМ ОО Струмица поради тоа што се водат постапки за криминалците од нивните редови.
Ред има, правдата доаѓа, а падот на криминалната СДСМ во Струмица ќе се случи наскоро.