ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА!

февруари 4, 2023

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

Грандиозниот споменик на апостолот Гоце Делчев во Струмица гледа кон родниот Кукуш и, со двете раширени раце како да посегнува кон Егеј и Пирин за да си ги обедини Македонците.

Секој што пред него се поклонува научува од даскалот мисла достојна и актуелна: Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите.
Ние потомците на Гоце од кого научивме секого да го почитуваме денеска, после многу напори и жртви се соочуваме со негација дури и во сопствената држава.
Света должност имаме да покажеме дека сме достојни за предизвикот пред нашата генерација.

Денеска во чест на 151 годишнина од неговото раѓање делегации на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица, Унијата на Ветерани, Унијата на Млади Сили, Унија на Жените и Патриотскиот институт се поклонивме у положивме свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот кој достојно и гордо го носи неговото име.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ