strumica denes logo

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: СОГРАЃАНИТЕ ОПРАВДАНО РЕАГИРААТ, КРУЖНИОТ ТЕК Е САМО МАЛ ДЕЛ ОД ЛОШИТЕ НЕСМАСНИ ПОЛИТИКИ НА СДСМ!

Автор:

Датум:

јули 19, 2021

Автор:

Датум:

јули 19, 2021

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

Почитувани сограѓани,
Последната реакција на струмичката јавност во врска со несмасно направениот кружен тек на улица Ленинова е сосема оправдана.

По таква реакција очекувано е локалните и државните власти да ја поправат оваа состојба на новиот кружен тек во Струмица.
Но, после 16 години непрекинато владеење се што може да се очекува од власта на СДСМ во Струмица е да се постави несериозно дури и со сообраќајните инсталации.

Инаку за оваа локација предизборната програма на Костадин Костадинов и на Коста Јаневски ветуваше Подземна сообраќајница која требаше да биде решение за сообраќајниот метеж во тој дел од градот.

Но, наместо тој сериозен проект граѓаните добија една недоволна реализација на кружен тек.
Затоа реакциите се од загриженост до потсмев.

Сограѓаните оправдано реагираат загрижени за безбедноста на учесниците во сообраќајот и пешаците.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Струмица бара надлежните органи уште еднаш да ги преиспитаат безбедносните услови на овој кружен тек.

Струмица во последните години се претвори во град каде што единствено се води грижа за бизнис зделките и вработување на луѓето од власта.

Кружниот тек е само мал дел од лошите и несмасни политики на СДСМ како за Струмица така и за целата Македонија.