ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: КОСТА КОСТАДИНОВ ДАВА ВЕТУВАЊА А УШТЕ НЕ Е ПОЧНАТА ОФИЦИЈАЛНАТА КАМПАЊА, ГИ ПОВИКУВАМЕ НАДЛЕЖНИТЕ ДА ГО РАЗГЛЕДААТ СЛУЧАЈОТ!

септември 23, 2021

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

Почитувани,
Го потсетуваме кандидатот за Градоначалник на Струмица од СДСМ дека во периодот до почетокот на официјалната кампања не е дозволено давање на јавни ветувања до граѓаните или евентуално промовирање на проекти на јавни собири.
Особено не ветувања кои не е реално да се исполнат или пак за тоа се нема капацитет.

Конкретно, нашата забелешка се однесува на ветувањето дадено од Костадин Костадинов за изградба на Кино ,,Балкан” во Струмица, за кое пишуват медиумите, пренесувајќи содржина од неговите профили на социјалните мрежи.

Имено, на истата улица со Кино Балкан се наоѓа Стариот струмички театар. Реконструкцијата на Стариот струмички театар е започната од страна на ВМРО-ДПМНЕ но, овој објект до ден денеска не е завршен.

Во изминатите 16 години локална власт на СДСМ во Струмица нема ниту еден позначаен објект во областа на културата. Веќе во тек е вториот мандат на власта на СДСМ на државно ниво која не може да ја заврши реконструкцијата на Стариот театар во Струмица.

Од тука, очигледно е дека ветувањето да се изгради Кино Балкан е уште една фикција на едно неспособно владеење.
Особено, ако се знае дека зградата на Кино Балкан во Струмица е објект во приватна сопственост.

Предвременото давање на ветувања е последица на очигледна паника поради слаба реализација на ветеното во програмите на СДСМ, која во Струмица го помина и четвртиот мандат.

Ги повикуваме надлежните да го разгледат случајот и истовремено кандидатите да се воздржат од предвремено започнување на кампањата.

ОПШТИНСКИ ИЗБОРЕН ШТАБ
ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ