ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Со ова соопштение сакаме да ја известиме струмичката јавност за насилната кампања, поткупот притисоците и заканите од страна на СДСМ и кандидатот Костадинов.
Се почесто добиваме поплаки од сограѓаните дека во Струмица се случува предизборен поткуп и притисоци, а нејасно е зошто молчи СВР Струмица.
Прашањето е дали Началникот на СВР Танчо Пројковски учестува во изборната кампања на СДСМ?
Дали под негова палка се случуват и инциденти кои активисти на СДСМ ги предизвикуват врз активисти и членови на ВМРО. Синоќа активист на СДСМ оштетил возило на наши активисти. Биле пресретнати и возилото било оштетено.
Пред очите на полициските службеници доаѓа до пресметка помеѓу самите активисти на СДСМ предводени од Столе Коциров.
Прашањето е дали сите настани се внесени во официјалните записници и кога СВР ќе излезе со официјално соопштение за настанот.
Очигледно е дека ако раководството на СВР се слика по митинзи, ако се ослободуват сторители а се претресуват активисти на ВМРО-ДПМНЕ дека веќе сериозно станува збор за партиско –полициска држава.
Поврзано со синоќешните потребно е да реагира внатрешната контрола на МВР, а ќе бидат известени ОБСЕ и ОДХР затоа што постојат слики објавени од самите сограѓани.
Да потсетиме дека во текот на целата кампања активистите се следени и добиват закани дека ќе бидат возени во багхажник. Известуваме исто така дека притисокот е веќе влезен во администрацијата и бизнисмени се принудувани да учествуват во кампањата на СДСМ.
Ги повикуваме ОБСЕ и ОДИХР будно да го следат изборниот процес во Струмица.
ВМРО-ДПМНЕ знае дека народот повеќе не се плаши и дека и покрај притисоците, уцените и поткупот, во недела секој застанува сам пред гласачкото ливче.
Соочени со казната од народот разбирлива е паниката на власта.