ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Градоначалникот Костадин Костадинов деновиве го гаси пожарот во сферата на образованието и згрижувачката дејност. Неспособната партија на власт направи целосно промашување во таа сфера што сега резултира со штрајк.
Низ одбрани зборови се обраќа до јавноста за да не биде премногу очигледен притисокот врз образовните работници. Да ги потсети подредените каде им е местото без повратниот ефект штетен за неговата позиција.
Струмичката јавност сепак разбира дека Градоначалникот безуспешно се обраќа најпрвин до партиските кадри на СДСМ во Струмица. Одгледувани веќе дваесет години. Бара да имат дополнително разбирање поради кризата. Костадинов треба да се присети, преку постојните фотографии, дека меѓу нај активните на протестите на разните пленуми беа токму вработените во образованието. Во меѓувреме многумина и од таа сфера го напуштија работното место во потрага по подобар стандард во странство.
Бидејќи работниот кој чесно ја заработува својата плата едноставно бара подобри услови.
Токму затоа е очигледно дека и во Струмица штрајкот има своја смисла и основаност, независно од определбата на образовните работници. Затоа што лошата политика почна да им штети еднакво на оние кои ја осмислуват и на оние за кои е наменета. Независно од партијата и од кризата.
Барањата на СОНК инаку, се логични токму затоа што кризата се изразува преку нашето секојдневно живеење. Кризата за бизнисменот може да е во заработката, но за работникот кризата е на трпезата.
Се работи за колективен договор каде минималната плата ќе се вреднува според сложеноста и, каде ќе се почитуват секојдневното патување, посебниот професионален труд и прекувремена работа. Патем од Владата досега е понуден единствено усен договор за разгледување на одредени предлози и тоа во месец јуни.
Министерката за труд и социјална политика Тренчевска, исто така од Струмица, се повикува на одредбите со санкции за за време на штрајк. Кадрите на СДСМ Струмица со својата некреативност и изјави досега се лош претставник на многу професионалци од Струмица во земјата и светот.
Главната обврска на власта, па дури и на онаа во заминување е да ја превенира кризата и да ги намали последиците врз граѓаните, наместо да се расправа со граѓаните со закани, уцена и дополнителни притисоци.