strumica denes logo

ВМРО-ДПМНЕ: Даскаловски и СДСМ-Струмица половина година ја кочат одлуката со која се исфлат родови термини за кои струмичани се изјаснија дека не ги прифаќаат!

Автор:

Датум:

септември 25, 2023

Автор:

Датум:

септември 25, 2023

ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:

Струмичани ги поразија лошите политики на СДСМ и Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

На денешната прес конференција Марјан Даскалов од СДСМ триумфот на струмичани, на родителите и на верниците се обиде на крајно интригантен начин да го прикаже како сопствен политички триумф.

Даскаловски и СДСМ Струмица половина година ја кочат одлуката со која се исфлат родови термини за кои струмичани се изјаснија дека не ги прифаќаат .

Но вистинското прашање што треба да го одговори и кое збунува е дали тој ја прифаќа родовата иделогија?

Дали Даскаловски и СДСМ О.О Струмица ја подржуваат министерката Тренчевска во идејата дека треба да постојат безброј родови за кои нашите деца треба да учат ?

Зошто Даскаловски и советничката група на СДСМ беа против амандманот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Струмица за тргнување на термини од родовата идеологија од програмите во основните училишта? Дали СДСМ сметаа дека децата треба да учат за сеопфатно сексуално образование, вклучително и деца од предучилишна возраст?

Манипулациите на СДСМ во Струмица се на самиот крај, а со вакви прес конференции и политички одлуки редно е да заминат во опозиција.