Струмица, градот кој отсекогаш раѓал успешни луѓе! Еден од нив е и нашиот млад струмичанец Влатко Токарев кој со покриена целосна стипендија ќе има можност да студира на еден од најдобрите и најстарите универзитети во светот, односно на Кембриџ во Англија. Токарев завршил основно и средно образование во својот роден град Струмица. Во 2016 година дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје како добитник на наградата „26 јули“ за најдобар студент на генерацијата.
Наредните две години учествувал на меѓународни студентски натпревари со огромен успех и магистрира во областа на меѓународното право и правото на Европската Унија. Желбата на Влатко за надоградување на своето знаење и стекнување меѓународно искуство и контакти сега го носи на еден од најдобрите универзитети во светот, во Кембриџ, Англија. Влатко за Струмица Денес вели дека ќе се врати повторно во Македонија за да придонесе за општеството овде, бидејќи тоа била неговата цел сите овие години.
Многу успеси на Влатко во иднина!